Макпетрол предупредува граѓаните да не купуваат плин од неовластени лица

by fokus

Компанијата Макпетрол АД ги информира потрошувачите што користат ТНГ (плин) во боци дека е зачестена појавата на неовластени лица што вршат продажба и дистрибуција на боци со ТНГ.

Макпетрол ги предуппредува корисниците кои набавуваат ТНГ во боци од неовластени дистрибутери дека доколку внесат во нивниот дом неконтролирано наполнета боца со ТНГ, при најмало зголемување на температурата, може да дојде до несакани и трагични последици.

– Како пример посочуваме дека на 05.04.2017, во Скопје, во населбата Карпош, е забележано возило марка VW Golf, натоварено со десетина полни боци со ТНГ од 10 и 35 килограми. За да биде уште полошо и поопасно, неовластеното лице што ги доставува полните боци со лого на Макпетрол АД, нуди рекламен материјал (флаер) во кој покрај неговите телефонски броеви наведува „Нудиме бесплатна стручна помош при монтажа на плинската боца“. Сакаме да ја информираме јавноста дека боците задолжително се полнат во специјализирани полнилници каде што се контролираат издржливоста на притисок на боцата и функционалната исправност на вентилот пред да се наполни со ТНГ. Периодичниот преглед на боците пред нивното полнење го прави акредитирано инспекциско тело во склоп на Макпетрол АД и за тоа издава соодветен сертификат. После полнењето, повторно се проверуваат пропустливоста на телото на боцата и вентилот. Неисправниот вентил, иако е во затворена позиција, може незабележливо да го пропушта гасот и истиот да истече во просторијата. Од полнилниците, до крајните потрошувачи Макпетрол АД секогаш дистрибуира целосно контролирана, исправна и соодветно заштитена и означена ТНГ боца – наведуваат од Макпетрол.

Доколку се врши полнење на боци во неспецијализирани полнилници, не е можно да се изврши контрола на преполнувањето, а истовремено полнењето не е безбедно и не е во согласност со позитивните технички и законски норми.

Поврзани новости