„Напорите за промовирање на либералната политика на Балканот ќе бидат запрени доколку на Македонија не и биде понудена цврста можност за членство во НАТО и ЕУ следната година, предупредуваат лидерите на новоформираната влада во земјата“– пишува Гардијан во текстот под наслов „Македонија вели дека треба да се приклучи кон ЕУ за да го спречи авторитаризмот“.
„Следната година е клучна. Треба да покажеме дека има развој – луѓето не очекуваат се да биде решено утре, но очекуваат напредок бидејќи бевме заглавени 10 години. Она што ќе се случи ќе создаде или инспирација, или фрустрација низ целиот Балкан – вели Шекеринска.
Министерката вели дека треба да се најде решение на 26 години долгиот спор со Грција за името.
„Повеќето од луѓето ќе прифатат пристоен и рационален компромис, се додека се уверени дека решението ги отвора перспективите за иднината и не го загрозува нашиот идентитет, гордост или етничките карактеристики. За да има одржливо решение, ние мора да потврдиме пред нашите граѓани дека нашите цели за членство во ЕУ и НАТО се реалистични“ – вели министерката Шекеринска во интервјуто за Гардијан.