Протест пред Влада против загадувањето: Ќе подржиме бојкот на настава, протести, граѓанска непослушност, блокирање патишта

by Fokus

Под мотото „Станете за чист воздух“, неколку стотини жители на главниот град денеска протестира против високото ниво на загаденост на воздухот, барајќи од надлежните институции под итно да го решат проблемот со загадувањето. Протестот беше организиран на социјалните мрежи.

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“велат дека се додека не се реши состојбата со аерозагадувањето, ќе ги поддржат сите граѓански иницијативи на мајки, татковци, родители, граѓански здруженија кои се занимаваат и кои се залагаат да се подобри состојбата со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.

„Нашата поддршка ја имаат. Ќе ја поддржиме иницијативата и во среда, на мајките за да не ги пуштаат децата на училиште. Забележуваме дека Министерството за образование е подготвено на нашата вчерашна реакција да одговори соодветно, да не се пуштаат децата во екстремно аерозагадување, да се бојкотира наставата, да се организираат протести, поддржуваме граѓанска непослушност, блокирање на патишта, со цел да се подобри состојбата. Состојбата навистина го погодува здравјето на децата, секое второ дете е погодено од аерозагадувањето – изјави Драги Змијанац.

Фото:СДК.МК

Поврзани новости