Шекеринска: Власта стравува дека партиските војници во МВР ѝ вртат грб

by fokus

Заменик-претседателката на СДСМ смета дека со вчерашното назначување на Оливер Андонов за министер на МВР за еден ден, ВМРО-ДПМНЕ  покажала дека нема доверба кон сопствените кадри.

– Замислете да доведете во ситуација Собранието да избира министер за внатрешни работи, кој ќе трае еден ден, да го доведете во таква ситуација тој т.н. министер  за внатрешни работи да биде личност за еднодневна употреба. Вчерашните изјави на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието покажаа дека тие изгубиле верба дека партиските војници во МВР ќе им ги слушаат нивните наредби. Залудни се обидите во последен момент, 24 часа, со ситни рокади, со ситни подметнувања да се обидуваат да го спречат неизбежното – рече Шекеринска на денешната посета во општина Ѓорче Петров.

Инаку, Андонов вчеравечер беше назначен за министер на МВР, а денеска поднесе оставка за на негово место да дојде Оливер Спасовски од СДСМ, како што беше предвидено со договорот од Пржино.

Поврзани новости