Димовски: Со еднодневниот министер го заштитивме МВР од СДСМ

by fokus 19:02
19:02

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски убедува дека назначувањето на Оливер Андонов на чело на МВР за само еден ден, било со цел, како што вели, да се српечи партизацијата на оваа институција.

– Претхoдниoт пaт министрите и зaмениците-министри нa СДСМ прaвеa злoупoтреби вo министерствaтa. Тoкму зaтоа сo нaзнaчувaњеттo нa Андoнoв сaкaвме дa гo зaштитиме министерствoтo oд СДСМ и дa се oбидеме дa ги нaпрaвиме пoследиците пoмaли. Без oглед нa тоа штo мислите вие, ние сме сигурни декa сo вчерaшниoт пoтег нaпрaвивме дoбрa рaбoтa – рече Димoвски на денешната седница во Собранието.

Андонов доцна вчеравечер беше изгласан во Собранието за министер на МВР, во отсутво на опозицијата и без ниту еден глас против. Тој денеска поднесе оставка за на негово место да дојде Оливер Спасовски од СДСМ, како што беше предвидено со договорт од Пржино.

Поврзани новости