Левица ќе учествува на изборите во декември

by fokus

Новоформираната партија Левица најави учество на изборите, закажани за 11-ти декември.

-Ние, Левица, како нова партија, произлезена од протестите, без багаж од минатото, со нови, но сепак докажани луѓе во своите области, се стремиме да ја добиеме вашата поддршка. Доста ни беше владеење за свој џеб, доста ни беше богатењето врз грбот на народот, доста ни беше обесправување на работникот и газењето по неговото достоинство! Доста ни беа 25 години страдање, 25 години од која секоја нова година се живее полошо од претходната! Крајно време е да свртиме нов лист! Затоа, да излеземе на изборите во декември и да гласаме и против режимот и против нашето осиромашување! – се вели во партиското соопштение.

Од партијата велат дека договорот меѓу четирите партиите не ги обезбедува сите услови за одржување на фер избори, меѓутоа, како што велат неопходен е обид за победа на режимот.

Поврзани новости