Шекеринска: Целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да се подобри Законот, туку да се блокира напредокот

by fokus

Станува јасно дека целта не е да се подобри законот, туку да се блокира напредокот. Според неофицијалните информации кои ги добивам, се е блокирано за ВМРО-ДПМНЕ да го спаси едниот партиски војник и да продолжи политизацијата на Армијата, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на поднесените 2.000 амандмани од страна на опозициската партија за законот за служба во Армијата кој е во собраниска процедура.

Уште еднаш се покажа, оцени Шекеринска, дека на зборот на ВМРО-ДПМНЕ навистина не може да му се верува.

Амандманите ќе бидат разгледани, подвлече министерката и изрази надеж дека сепак ќе надвладее разумот.

-Официјално уште не се достапни 2.000 амандамни поднесени од ВМРО-ДПМНЕ со кои оваа партија ги блокира позитивните решенија во Армијата. Претходно имаа речиси 4.000 дена некое од тие решенија да го вградат додека беа на власт. Една од политиките на подобрување на состојбата во Армијата не беше направена, а имаа 11 години на располагање. Сега обидите да се лицитира „сте дале едно, ние сакаме да дадеме два пати повеќе“ е навистина несериозно, неодговорно и доаѓа од луѓе кои немаат кредибилитет пред припадниците на Армијата да зборуваат за грижа зашто паднале на испитот, ја маргинализирале, ја заборавиле и години по ред ги намалувале буџетите за неа, рече Шекеринска, одговорајќи на новинарски прашања по приемот на кинеската донација од 100.000 вакцини „Синофарм“ во поликлиниката „Јане Сандански“.

Според неа, ќе се бара решение.

-Сакам да бидам принципиелна и сакам сите да бидеме принципиелни, да не правиме закони или амандмани по мерката на еден човек кој покажа дека војничката униформа не му е важна, туку дека единствената важба работа му е партиската униформа. Ќе погледнеме кои се амандманите, во што се состојат и ќе бараме да се реши пробллемот, но законот е сега во сопствебност на Собранието. Очекувам да надвладее разумот. Жал ми е што пред извесно време и ние како Влада изменивме дел од нашите политики кои чинат и многу пари, во однос на пописот и локалните избори, само за ВМРО-ДПМНЕ да стане малку поконструктивна. Не да помага ама да престане да одмага во Собранието. Уште еднаш се покажа дека на нивниот збор навистина не може да се верува, подвлече министерката за одбрана.

Поврзани новости