Шекеринска: Тешко им е да ги напуштат фотелјите и џентлменски да го признаат поразот

by fokus

Десет години навикнаа да бидат Господ и сега им е тешко џентлменски да го признаат поразот. Сега ви дадоа вам улога да се брукате за неколкумина да се спасат од правдата поради своите милионски криминали, коментира Радмила Шекеринска, пратеничка од СДСМ во врска со собраниските говори на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ.

„Тешко му е на Трајко Вељаноски да ја напушти фотелјата која ја држи незаконски исто како и Емил Димитриевски. Тешко му е и на Никола Груевски, па затоа одејќи за Малта, бара амбасадори да го дочекуваат по аеродроми во Истанбул, рече Шекеринска и додаде дека Груевски, во јануари и во февруари за Косова експрес и за „Дневник“ дал интервјуа во кои не се дистанцираше од таканаречената тиранска платформа.

Поврзани новости