Сакам да ги повикам сите граѓани, пред се на Скопје, но и на цела Македонија, да се приклучиме и да им помогнеме на нашите сограѓани, на нашите соседи, на сите оние на кои помошта им е најпотребна, истакна Радмила Шеќеринска, потпретседателка на опозицискиот СДСМ која ги посети најпогодените делови од невремето во Скопје.
Таа изрази сочувство на сите семејства кои ги изгубија најблиските. Шеќеринска апелира дека е потребна вода за пиење, потребна е храна, потребна и е физичка помош, за да секое семејство се спави со ужасот коијшто им ги уништил куќите.
– Очекуваме институциите многу поорганизирано и многу побрзо да се вклучат во средување на состојбите. За жал секаде кадешто влеговме има недостиг на струја, има недостиг на вода за пиење. Најголема е потребата за пумти и агрегати коишто ќе им овозможат на граѓаните да се спасат од водената стихија којашто се уште е тука. Земајќи предвид дека и за денеска се најавени врнежи сметаме, повикуваме, ние ќе бидеме присутни на терен, секој од нас може да помогне – дополни Шеќеринска од кризните региони.