Шеќеринска: Претседателските избори се користат да се направи нервоза во СДСМ

by Фокус

Слушам обиди и претседателските избори да се искористат за да се направи мала нервоза во СДСМ, рече вицепремиерската и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, во однос на шпекулациите дека е можен кандидат на СДСМ за претседател на изборите во 2019 година.

-Кога ќе создадете 10 кандидати, ќе се трудите едните да ги свртите против други. Тој тип на политикански и стари игри многу не чинеле како партија. После се ова, да паднеме на стапица на кариеризам, кадрирање, апсолутно нема да личи ни на мене ни на Заев – рече Шеќеринска.

Таа не верува во, како што вели, предодредени кадровски одлуки во кои двајца ќе седнат и едниот ќе каже: „Јас сакам ова“.

 

Поврзани новости