Делегатите на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) ги избраа членовите на новото раководство во кое се наоѓаат и двајца претставници на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Радмила Шекеринска повторно е избрана за претседател на ПЕС, а Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ, за член на претседателството.
Конгресот повторно го избра поранешниот премиер на Шведска, Стефан Левен, за претседател на ПЕС со речиси едногласност – 196 гласа за и двајца против. Партијата има осум потпретседатели, а меѓу нив повторно е Шекеринска.
-Овој избор е од исклучителна важност за СДСМ и за Северна Македонија бидејќи преку активноста и учеството во Партијата на европски социјалисти имаме влијание врз економските, политичките и социјалните политики, со што повеќе им се приближуваме и поврзуваме со нашите европски партнери, велат од СДСМ.