Шекеринска: Покрај сите свои маани, Охридскиот договор ни даде можност да се врати мирот и да зборуваме за кохезија

by fokus

По 17 години можеме да кажеме дека големиот успех со сите маани на Охридскиот договор е дека тој ни даде можност да се врати мирот за во одреден момент да почнеме да зборуваме за кохезија во државата, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во дебатата по промоцијата на групата за поддршка „Охрид“.

Министерката Шекеринска, посочувајќи на Арачиново, каде се случуваа дел од дејствијата за време на конфликтот, рече дека таму во двата последни изборни циклуси граѓаните гласале надвор од етничките граници, односно за партија која најдобро ќе ги реши нивните проблеми.

– Со тоа беше обезбедена победа во првиот круг на изборите. Етничка Албанка, која ја застапуваше СДСМ, рече Шекеринска, додавајќи дека на Македонија треба да биде горда на оваа промена.

Имаме видено, посочи Шекеринска, патриотизам и на поинакви начини и веруваме дека повторно се наоѓаме во истата позиција. Многумина, додаде, го критикуваа договорот со Бугарија, и во Македонија и во Бугарија, но сметаме дека ова беше европски начин на решавање на работите.

– Нашиот патриотизам кога говориме за идните генерации не може никогаш да биде доведен во прашање. Сметаме дека како Влада го исполнуваме она што и потребно на оваа земја. Сметам дека ги донесуваме вистинските одлуки и дека после десет години ќе кажеме: да времето потврди дека сме биле во право, рече министерката за одбрана.

Лордот Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО рече дека тие како мала група пензионирани политичари можеби можат да и помогнат на земјата да го добие заслуженото внимание и да и помогнат нејзиниот поглед да го насочи кон иднината.

Поврзани новости