ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да ја придвижи државата кон ЕУ и НАТО

by fokus 18:33
18:33

СДСМ и Зоран Заев, наместо да работат се посветени на гола реторика и креваат непотребна еуфорија, со цел прикривање на реалната состојба во општеството и економијата, која е катастрофална, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Државата доби само враќање на позитивната препорака на ЕК за почеток на преговорите на Република Македонија за влез во ЕУ, која државата ја добиваше 6 години во низа, за последните 2 да бидат условени, токму заради политичката криза во која ја втурна СДСМ државата. ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на СДСМ не искреира политичка криза и помогна државата да ги исполни потребните реформи. Нивото на реализација на планот 3-6-9, на истекот на 9-от месец беше едвај 50%, по што мораше ВМРО-ДПМНЕ да помогне и работите да тргнат од мртва точка. СДСМ покажа дека нема ниту капацитет, ниту идеја како реално да ја придвижи државата напред. Декларативните заложби на СДСМ не можат да ја придвижат државата кон ЕУ и НАТО, потребна е реална работа и посветеност. СДСМ покажа дека не знае и не може, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Додаваат дека планот 18 кој сега СДСМ го најавува е уште нова колективна хипноза, која има за цел да претстави дека владата нешто работи, а во суштина не работи ништо.

Поврзани новости