Шекеринска побара итно да се расправа за избор на претседател на Собранието

by fokus

Собранието итно да гласа за измена на дневниот ред и пратениците да се изјаснат по предлогот за избор на претседател на Собранието затоа што има поддршка од 10 пратеници, побара пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска.

Таа ова нејзино барање го поткрепи со одредби од Деловникот.

– Во текот на седницата по предлог на претседателот, на предлагачот или на пратеник кого го поддржуваат 10 пратеници, а еве ги 62, Собранието без претрес одлучува по секој предлог да се гласа за измени во редоследот на претресот. И тие сите додавки што сега си ги додавате ги нема во Деловникот – рече Шекеринска.

 

Поврзани новости