464
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција говореше за ратификација на протоколот за НАТО вчера во Собранието во Македонија.
Како што истакна таа, ваквите успеси ќе и дадат нова сила и енергија на нашата држава.
„Го направивме она што одамна требаше да се направи. Почнавме да ги решаваме проблемите. Сакам да се заблагодарам на довербата која граѓаните ни ја дадоа и ми ја дадоа лично мене. Учествував и ги истерав до крај двете стратешки цели на државата. Верувам дека овие успеси ќе и дадат нова сила на државата“, истакна Шекеринска.