Кривична за скопјанец: Украл лаптоп од автомобил на АД „МЕПСО“

by fokus 10:43
10:43

Жител на Скопје доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од МВР.

„Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Ш.Д.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 24.11.2019 на паркинг простор на бул.„Јуриј Гаргарин“ во Скопје, Ш.Д. со тврд предмет го скршил предното стакло од патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на АД „МЕПСО“, при што одзел лаптоп и други предмети и се стекнал со противправна имотна корист од околу 65.000 денари. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот е сторител на делото, а по извршен претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното делото“, велат од МВР.

- Advertising -

Поврзани новости