787
Кога една партија неколку месеци пред пописот што сите го чекаме речиси 20 години ќе ви даде предлог да се купат илјадници апарати за чија набавка не само што требаат пари, туку треба и долг временски период, тоа практично покажува дека повторно не сака да има попис, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, самата ги уриваше правилата на попис. Потроши 4 или 7 милиони евра и потоа рече „пу пу не важи“ – истакна Шекеринска, додавајќи дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден обид да се одложи пописот и да се проблематизира.