412
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска го проследи прогласувањето на победникот на изборите во САД во хотелот Александар Палас во Скопје при што изјави дека сепак и е жал што жена не станала претседател на Америка.
-Не можам да кажам дека не жалам што не победи жена. Изборите во САД покажаа дека дури и големата медиумска поддршка не е доволна кога граѓаните бараат промени. Сите укажуваа победа на Клинтон, но се случи спротивното. Тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави Шеќеринска по победата на Доналд Трамп.