Шекеринска не штедеше аплаузи за трите писма на Бреговиќ

by Fokus

Горан Бреговиќ, сараевската музичка ѕвезда со светска кариера, вчера во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје одржа голем концерт.

Пред многубројната публика тој го промовираше албумот „Три писма из Сарајева”, а истовремено го прослави и својот 69-ти роденден. Поранешниот лидер на легадарниот бенд „Бјело дугме” настапи со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби”, а концертот го проследија голем број на јавни личности. Во првите редови во публиката беше и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска со сопругот Божидар Јанковски.

Таа ја искористи приликата да се фотографира со вокалистката Васка Јанковска, која со децении беше дел од оркестарот на Бреговиќ. Со капут во лежерен стил, црни панталони и спортски обувки, министерката со уживање го следеше спектаклот на музичарот и не го штедеше аплаузот по секоја песна.

Сепак, таа не одговори на прашањата на „Фокус” околу тоа кој е нејзиниот целокупен впечаток од настанот, ниту пак дали некоја песна од музичката ѕвезда и е посебно драга.

Вики Клинчарова

Поврзани новости