На средбата со амбасадорот Чарлс Гарет и британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан во седиштето на СДСМ, се разговарало за промените што се случуваат на политичката сцена во државата и за економските предизвици на Македонија.
Според партиското соопштение на СДСМ, на средбата било нагласено дека партијата очекува новата влада да се формира брзо и да се посвети на реформите што треба да ги спроведе.
– Се отвораат светли перспективи за Република Македонија и за граѓаните, со демократските промени што се случуваат. Очекуваме дека новата Влада ќе биде брзо формирана и силно ќе се посветиме на сите предизвици. Најтешкиот период за граѓаните и за државата е зад нас –изјавила Радмила Шекеринска .
Претходно, дипломатите беа на средба со ВМРО-ДПМНЕ, но нема информации за што се разговарало.