Дипломатската мисија продолжува во штабот на СДСМ

by fokus

Амбасадорот Чарлс Гарет и британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан од штабот на ВМРО-ДПМНЕ заминаа во партиското седиште на СДСМ, јави НОВАТВ.

На излегување тие не сакаа да дадат информации за што се разговарало на средбата. Засега, нема информација ниту каква е мисијата на оваа посета на дипломатите во земјава.

Средбите доаѓаат откако ДУИ и СДСМ објавија дека постигнаа договор за албанскиот јазик и дека од утре ќе почнат преговорите за составот и програмата на новата влада. Во меѓувреме, Никола Груевски пак, ги обвини партиите дека спремаат „дефакторизација” на македонскиот народ, и порача дека тоа немало да го дозволи.

Поврзани новости