Шекеринска најави реконструкција овој или следниот вторник, Димитров вели дека останува во Владата

by fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, најави дека реконструкцијата на Владата ќе се случи во една од следните две седници на Влада, поточно овој или следниот вторник.

-Факт е дека успеавме на последните избори по прв пат да имаме мнозинство во локална власт, Влада, но и претседател. Но факт е дека и еден дел од прашањата покренати во јавноста чинеа изгубена доверба. Рековме нема да се лутиме на медиумите, туку ние ќе се промениме, затоа ќе се случи реконструкцијата и ќе опфати дел од министрите и избраните фукцкионери – рече Шекеринска во емисијата „Патот до“ на Алсат.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пак во тој контекст рече дека останува во Владата.

-Имам забалежано.. се сеќевате на лажната оставка, имаше за жал професионален медиум направи грешка и објави оставка без да провери кај мене. Интересно е тоа што шпекулациите дека ќе си одам не се дека ќе ме сменат, туку јас нешто… Јас сум тука, ова е исклучително важен момент за нашата татквина. Енергијата што ја мобилизиравме по кризата што не разбуди, треба да ја цениме и да си ја искористиме за да не биде. Во таа смисла тука сум си и посветен, имамe важна мисија – рече Димитров.

Поврзани новости