Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, коментирајќи го вчерашниот договор меѓу политичките партии, во интервју за Телма, вели дека најважно е тоа што сите страни се договориле дека датумот за избори ќе се договори, само откако ќе се спроведат сите реформи.
-Она што мислам дека е системска предност на договорот е тоа што се воспостави правилото, на кое што инсистираше и јавноста, а инсистиравме и ние во преговорите, а тоа е дека не може да се оди на избори без претходно да се констатира дали условите се исполнети или не се исполнети. Мислам дека тоа е она што е различно од Договорот од Пржино, кој што претпоставуваше дека многу работи ќе се случат, а потоа ќе има избори, но немаше датум на кој што ќе се процени дали договореното е исполнето“ – изјави Шекеринска.
Шеќеринска сепак, додава дека договорот не гарантира дека ќе има избори, бидејќи постои ризик да не се исполнат условите до 31 август или да закочи на некој од предвидените услови.