Ставрески се жалел од сегашниот министер за финансии?

by fokus 20:45
20:45

СДСМ денеска објави документ на кој наводно се гледа дека тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески, укажува на директни слабости на УЈП чиј директор е тогаш сегашниот министер за финансии, Кирил Миноски.  Според СДСМ, Ставрески се жалел дека поради неефикасност на УЈП, ИПА програма не можела да се реализира.

-Станува збор за проект тежок 1.26 милиони евра средства од ИПА фондовите, што се уште не реализиран, како што призна и самиот министер Миноски преку Министерството за финансии. Ставрески напишал до Владата дека УЈП под тогашно раководство на Миноски не работи доволно посветено, доцни со усвојувањето на актите за систематизација и договорите за твининг, градежни работи и набавки повеќе од очекуваното… поради што задолжителните резултати и планираните бенчмаркови НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОСТИГНАТИ, велат од СДСМ.

Од опзициската партија додаваат дека Миноски напразно се трудел да се оправда за кратењето на ИПА фондовите, за што имал вина како поранешен директор на УЈП.

Поврзани новости