Шекеринска: Ќе го заштитиме Охрид од криминални проекти

by fokus

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денеска од Охрид порача дека по изборите, меѓу главните приоритети ќе им биде и зачувување на вредноста на Охридскиот регион, на кој му се заканува бришење од листата на УНЕСКО.

–Со страв, со вознемиреност граѓаните на Охрид, и на Македонија ги слушаат овие вести дека местото на Охрид во УНЕСКО е загрозено. Превземаме обврска да ги заштитиме и охридското езеро и охрид, и неговата околина, од криминалните проекти кој што го ставаат под знак на прашање неговото место во УНЕСКО.Имаме конкретни планови за инвестиции во заштитата на вистинското културно богатство, како и нов закон за заштита на спомениците на културата што ќе биде и финансиска обврска на државата за нивна заштита – рече Шекеринска.

Инаку, еколошките здруженија во неколку наврати алармираат дека владините проекти најавени за Охридскиот регион ја уништуваат неговата вредност и предупредуваат дека веќе на почетокот на идната година, можно е Охрид да биде избришан од списокот на УНЕСКО.

Поврзани новости