Шекеринска ја пофали Теута дека ги овозможила промените по парламентарните избори

by fokus

Потпретседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска учествуваше на вечерашната промотивна трибина што се одржа како поддршка на кандидатурата на актуелната градоначалничка на општина Тетово Теута Арифи за уште еден мандат на истата функција.

Шеќеринска посочи дека Арифи била дел од неколкумина политичари чија одлуката по парламентарните избори минатиот декември ги овозможила промените во државата и кои делеле заеднички концепт за мир, просперитет и шанса младите својот живот и работа да го гледаат во Македонија.

Не смееме, истакна, да се релаксираме по феноменалниот резултат од првиот круг на локалните избори каде победивме и таму каде што очекувавме но и таму каде што не ни сонувавме.

-Тоа беше уште еден показател поранешните изборни циклуси биле предмет на кражба и насилство, а со сегашната победа во дел од најголемите општини во државата само ја потврдија определбата на граѓаните за реформи и правда. И во Тетово предводат оние луѓе со кои имаме заеднички вредности и концепт за Македонија што ги интегрира сите и обезбедува живот за сите. Затоа ги повикувам сите оние што веруваат дека Македонија вака може да оди напред да излезат на изборите и да ја изберат својата градоначалничка Теута Арифи односно да ги наградат оние политичари кои не сплотуваат, а не оние кои не закаруваат – рече Шекеринска.

Поврзани новости