Заев: Сега субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци

by fokus

За разлика од досега субвенциите ќе доаѓаат кај вистинските земјоделци, изјави лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на денешната средба со жителите на општината Чешиново-Облешево.

-Субвенциите ги има и доаѓаат во вистинско време, тогаш кога најмногу им требаат на земјоделците. За разлика од досега субвенциите ќе доаѓаат кај вистинските земјоделци. Имаме сериозен концепт оваа поддршка секоја години да расте. Ако сме извадиле три тона жито од одредена хектаража или три тона ориз од одредена хектаража, наредната година земјоделецот ќе добие 10 отсто повеќе субвенции од претходната , ако има производство три тона и 300, најави Заев.

 

Поврзани новости