Турција вечерва го ратификуваше протоколот за нашето членство во НАТО, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!“, напиша Шекеринска на фејсбук.
Досега, околу две третини од НАТО членките го ратификуваа протоколот, а во останатите отпочнати се постапките за ратификацијата, како што се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, Франција, Холандија и САД.
Согласно процедурите, целиот процес се очекува да заврши до крајот на годинава, а на самитот на НАТО во Лондон во декември земјава треба и формално да биде примена како полноправна членка на алијансата.
Во јавноста се анализираше можноста Турција да ја условува ратификацијата со испорака на луѓето кои Анкара ги маркираше како блиски до Фејтула Ѓулен, меѓутоа се покажа дека таквите ствавувања биле неосновани.