Академија Пандев загуби со 3-0 на дебито на меѓународната фудбалска сцена

by Фокус

Академија Пандев доживеа дебакл во првиот натпревар на меѓународна сцена, откако на Националната Арена „Тодор Проески“ загубија од Зрињски со убедливи 3-0.

Пред речиси празните трибини на арената „Тодор Проески“, натпреварот беше отворен уште во 12-тата минута, кога Ирфан Хоџиќ постигна гол за 0-1.

Шеснаесет минути подоцна, Мандиќ зголеми на 0-2, а конечните 0-3 беа дело на Говедарица, кој постигна гол по десет минути игра во второто полувреме.

Реваншот е за седум дена во Мостар од 19 часот, но речиси веќе е извесно дека македонскиот претставник ќе биде елиминиран од квалификациите од Лига Европа.

Поврзани новости