Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска во пресрет на Самитот на НАТО во Лондон, кој ќе се одржи на почетокот на следниот месец, ќе се сретнат со шефот на канцеларијата на Алијансата во Скопје, полковникот Зоран Јанковиќ.
Министерката за одбрана вчера изјави дека воен претставник во Мисијата во НАТО се очекува да биде избран и испратен до Лондонскиот самит.
Дваесет и седум амбасадорски места сè уште не се пополнети, некои се мошне важни дипломатски центри за земјава, како САД и НАТО. Во Мисијата во НАТО како в.д. амбасадор на веб-страницата на МНР е наведен Зоран Тодоров.
Како можен кандидат за мисијата на почетокот на месецот се споменуваше советникот на премиерот Зоран Заев, Дане Талески.