Послаб земјотрес ја стресе и Хрватска

by fokus

По Албанија, БиХ, и Црна Гора умерен земјотрес синоќа ја потресе и Хрватска, јавија хрватските медиуми.

Потресувањето на тлото било со сила од 2,9 степени според Рихтеровата скала и синоќа можело да се почуствува во Карловац, но и во делови од Загреб.

По серијата потреси во Албанија кои изминатите два дена можеа да ги почуствуваат жителите од јужните делови на Хрватска, синоќа потреси се почуствувале и во внатрешноста од земјата, пренесе загрепски „Јутарњи лист“.

Сеизмолошката служба информира дека во 20.17 часот на сеизмографите бил забележен умерен потрес со епицентар  од околу 20 километри југоисточно од Карловац.

Поврзани новости