Бројот на загинати во Албанија се искачи на 35 лица, 45-мина спасени од под урнатините

by fokus 08:44
08:44

Бројката на жртвите од земјотресот во Албанија достигна 35 лица, јави синоќа весникот „Албаниан дејли њуз”, на својот сајт, повикувајќи се на официјални податоци. Бројот на повредени е над 650 граѓани.

Според податоците на весникот, досега од под урнатините на зградите се извадени приближно 45 преживеани лица.

Операциите на потрага и спасување се уште се во тек, пренесе БТА.

- Advertising -

Земјотресот со јачина на ударот од 6,4 степени според Рихтер во вторникот, околу 4 часот утрината по локално време, ја стресе Албанија и околните земји. Најсилно настрадани се реоните на Драч и Тирана.

Владата вчерашниот ден, 27 ноември, го прогласи за Ден на национална жалост.

Поврзани новости