Отидовме на избори и покажавме дека мнозинството граѓани сакаат чист почеток. Не се договоривме со Груевски минатата година, не гледам причина зошто би правеле такво нешто годинава кога имаме мнозинство за да ја смениме земјата, вели Радмила Шекеринска во разговор со новинарот на ДВ, Франк Хофман во Скопје одговараќи на шпекулациите за можен договор со поранешната владејачка ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски околу нивна амнестија од сомнежите и обвинувањата за корупција и злоупотреби на функциите.
„Доколку оваа земја не се справи со проблемот на „заробена држава“ и огромна корупција, Македонија ќе оди од една криза во друга. Затоа рековме дека тоа завршува тука, и никогаш не смее да се повтори “, вели потпретседалката на cоцијалдемократите.