Би-Би-Си: Хакерски напади врз илјадници компјутери во повеќе од 70 земји во светот

by fokus

Масовна хакерска кампања со таканаречениот вирус „ренсомвер“ погоди голем број организации низ светот,, пренесува Би-Би-Си.

Прво одекна веста дека е погодена Велика Британија, односно нејзиниот национален здравствен систем НХС, но напади се пријавени и во Шпанија, Италија, Кина, Русија, Украина, Виетнам и Тајван, меѓу другите.

Експерти за сајбер-безбедност сметаат дека нападите, чија цел се приватни компании и јавни организации, се поврзани. Сите имаат заедничка метода: ренсомвер наречен Вонакрај (WannaCry) или други варијанти на тоа име.

Истражувачот на малвер за антивирусната компанија Аваст, Јакуб Кроустек, на Твитер објави дека се детектирани 36.000 напади и дека најтешко се погодени Русија, Украина и Тајван.

Напади се детектирани во дури 74 земји во светот и бројот на хакерските напади брзо расте.

Поврзани новости