Граѓаните на Дојран бараат на референдум да се одлучува за отворање рудници

by fokus 22:08
22:08

Граѓаните на Дојран се решени на референдум да се изјаснуваат дали ќе се прифати отварање рудници, или не во овој дел на државата.

Советот на ова општина, како што јави ТВ 24, донесе одлука на 18 јуни дојранчани да излезат да гласаат и сами да одлучат дали се „за“ или „против“ отворање на рудниците Казандол и Башибос.

- Advertisements -

За ова прашање повторно заседава Советот на Валандово, бидејки општината не одговори позитивно на барањето за референдум преку собирањето потписи.

 

Поврзани новости