Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска очекува на денешната лидерска средба да се решат многу прашања поврзани со изборите и справувањето со корона вирусот во Северна Македонија.
„Цела јавност очекува работите кои се важни, да се решаваат. Тоа што се справивме на ефикасен начин со вирусот ја зголеми довербата на граѓаните. Видовме дека имаме знаење и професионалност. Граѓаните сега ја очекуваат истата ефикасност од политичките лидери. Сакаат да видат дека системите функционираат. Јасно ни е дека оваа епидемија го помина пикот, но ќе мора да научиме да живееме со Ковид додека не се открие вакцина. Не можеме да кажеме „ајде сега ќе се вратиме во нормала“. Препораките наши се да не дозволиме државата да функционира со половични институции. Посакуваме да се вратиме во демократска нормала“, истакна Шекеринска.