Шекеринска, Димитров, Маричиќ и Десковска ги брифираа амбасадорите зошто бараат брзи избори

by Фокус

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, членот на ИО Рената Дескоска, меѓународниот секретар Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Никола Димитров одржаа дипломатски брифинг, на кој, како што соопштија од СДСМ, учествуваа амбасадори и претставници на амбасадите на државите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, САД, ЕУ и ОБСЕ.

„Се зборуваше за мерките кои се преземаат за справување со пандемијата и организација на предвремени парламентарни избори во најскоро можен рок. Нашите претставници истакнаа дека за СДСМ остануваат приоритетите за заштита на здравјето на граѓаните, рестартирање на новата македонска економија, зајакнување на демократијата и демократските институции. Претставниците на СДСМ ги запознаа дипломатите со напорите за справување со кризата и за планот за нормализација на животот во државата согласно новите услови“, се наведува во партиското соопштение.

Во него стои дека одговорно е за здравјето на граѓаните, економијата и демократијата е изборите да се одржат во првиот можен рок, пред новиот есенски бран од коронавирусот.

Поврзани новости