Владата ги остави истите термини за шетање на миленичиња во текот на продолжениот викенд

by Фокус

Владата соопшти дека за време на претстојниот викенд времето за прошетки на миленичињата останува во востановените термини.

Имено, граѓаните во периодот кога важи забраната за движење своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот.

Притоа, тие ќе може да се движат до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.

Поврзани новости