541
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција се заблагодари на сите пратеници кои гласале за донесување на Законот за Јавно обвинителство.
„Членството во НАТО е успех. Честитки за пратениците кои секој ден се залагаат за нашето членство во НАТО. Тоа е успех и причина за наша заедничка гордост. Нашиот збор го одржавме. Се покажа кој бил за избори а кој манипулирал. Ние нашиот збор го одржавме, Собранието е распуштено, сите закони беа донесен“, истакна Шекеринска.