Пуштен билетот за едно возење во ЈСП, цената му е 50 денари

by Fokus

Пуштен е билетот за едно возење, а Јавното сообраќајно претпријатие денеска објави дека истиот може да се купи директно во автобус и во билетарниците на ЈСП.

-Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје. Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори, велат од ЈСП.

Цената на останатите видови билети останува непроменета. И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку картичките чини 35 денари, а билетот кој се плаќа со мобилен телефон е 40 денари.

„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон“, велат од ЈСП.

 

 

Цената на останатите видови билети останува непроменета.
И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично.

Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон.

Поврзани новости