420
Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански, реагира дека изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети и други претставници на партијата дека коалицијата „Зa подобра Македонија“ ја прифатила платформата на албанските партии за, според него, редефинирање на државата со воведување на двојазичност на цела територија, е апсолутна невистина.
-Официјално треба да се произнесе и ВМРО- ДПМНЕ и отворено да каже дека заедничкиот став на коалицијата е отфрлање на секаков вид на уцени кои се однесуваат на унитарниот карактер на македонската држава – апелираше Шехтански.
Според него, платформата на албанските партии е антимакедонска.