Георгиевски: Албанската платформа значи федерација

by Фокус

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, смета дека албанската платформа претставување поништување на Охридскиот договор. Според него, барањето Албанците да бидат конститутивен народ значи буквално федерација на државата.

– Таму има едно барање кое многу малку се експлоатираше во македонската јавност, бараат албанскиот народ да биде конститутивен народ и после ќе објаснуваат дека тоа не е барање за федерација. Буквално, конститутивен народ е федерација, а ако ги додадете претходните членови, ако ја додадете двојазичноста, тоа е де факто федерација – изјави Георгиевски за телевизија Нова.

Поврзани новости