Шефот на израелската дипломатија бара санкции за Иран:„Мораме да го запреме додека не е предоцна“

by Fokus

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, денеска изјави дека ги повикува земјите да воведат санкции за иранската ракетна програма и да ја прогласат нејзината Револуционерна гарда како терористичка организација по првиот директен напад на Иран врз Израел.

„Покрај воениот одговор на лансирањето проектили и беспилотни летала, јас водам дипломатски напад врз Иран“, рече Кац во објава на социјалните мрежи.

Кац додаде дека испратил писма до 32 земји и разговарал со многу колеги, барајќи од нив „да воведат санкции за ракетниот проект на Иран и да ја прогласат Револуционерната гарда за терористичка организација како начин да се запре и ослабне Иран“.

„Мораме да го запреме Иран сега, пред да биде предоцна“, вели Кац.

Израел соопшти дека ќе одговори на иранскиот ракетен и беспилотен напад во текот на викендот, и покрај повиците од сојузниците за воздржаност за да се избегне ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Групата од седум индустриски најразвиени земји, Г7, веќе работи на пакет координирани мерки против Иран, објави британскиот премиер Риши Сунак.

Поврзани новости