Шеесетгодишник задоволувал полови страсти пред деца, ОЈО бара притвор

by fokus

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“,  во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оцени надлежниот јавен обвинител.​

Поврзани новости