357 новозаразени и пет починати во изминатите 24 часа

by fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга –по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 122 оздравени пациенти од:

Скопје – 45, Кавадарци – 16, Гостивар и Дебар – по 8, Велес – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Куманово и Берово – по 4, Тетово, Кочани и Кичево – по 3, Неготино, Битола, Ресен, Струмица и Виница – по 2, Штип, Крушево и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица.  Починати се 2 пациенти од Струга (71г и 67г) и по еден смртен случај е пријавен од Штип (75г), Гостивар (71г) и Скопје (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Поврзани новости