450
Кичевчанец, на возраст од 69 години, вчера со својот автомобил прегазил пешак.
-Во 20,30 часот во Кичево на булевар „Ослободување“, Т.А.(69) од Кичево управувајќи патничко моторно возило “Опел вектра“ удрил во пешак Д.Б.(57) од Кичево. Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево бил пренесен во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.