Венчавката на принцот Хaри и Меган Маркл точно на пладне

by fokus

Гостите почнуваат да пристигнуваат на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл. Идрис Елба, Опра Винфри, Дејвид и Викторија Бекам, Џорџ и Амал Клуни, Серена Вилијамс, Џејмс Блант, се само дел од ѕвездите што ќе бидат гости.

Хари и Меган ќе се венчаат денеска во капелата на дворецот во Виндзор. Самата церемонија на лице место ќе ја следат 600 луѓе, а преку телевизија целиот свет.

Вчера беа завршени последните подготовки, пробата за возење во кочија го привлече вниманието на стотици луѓе, а кралската двојка во автомобил ја помина рутата придружувана од полицијата.

Безбедносните мерки ќе бидат засилени околу замокот Виндзор.

Поврзани новости