Шарли Ебдо: Обама, повторно обичен граѓанин, како сите нас

by fokus

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ на најновата насловна страница пластично покажува како се чувствуваат голем дел од американските граѓани по победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

На цртежот е прикажан испотениот претседател Барак Обама со зацрвенети очи, како бега од двајца бели полицајци кои пукаат кон него.

„Обама, повторно обичен граѓанин, како сите нас“, пишува на насловната страница.

Цртежот се однесува на сè поизразениот проблем со полициската бруталност во САД и верувањето дека полицијата ги малтретира граѓаните со афроамериканско потекло.

Неделникот „Шарли ебдо“, кој нема објави на „Твитер“ од минатиот јануари кога во терористички напад на редакцијата загинаа 12 вработени, излезе денеска и насловната со цртежот на Обама ја стави на профилот како главна и како подглавна фотографија.

Извор: Мета

Поврзани новости