ЕУ: Судот под притисок ја попречува работата на СЈО

by fokus 18:18
18:18

Специјалното јавно обвинителство со посебен акцент во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Европската Унија забележува дека работата на СЈО е попречувана и бара во наредната година да му се обезбедат сите ресурси за непречена работа.

Основниот суд, Советот на јавни обвинители и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во извештајот се посочени како главни опструктори на СЈО.

- Advertisements -

-Работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), формирано во 2015 година за да истражи случаите поврзани со скандалот со прислушување, продолжува да биде попречувано во пракса. Кривичниот суд редовно одбива да ги одобри мерките на претпазливост кои ги бара СЈО како дел од нивните истраги и Советот на јавни обвинители и владејачката партија јавно ја критикуваа нивната работа. Меѓународната заедница продолжи да инсистира дека на СЈО мора да му биде овозможено да ги исполни своите функции независно- пишува во делот од извештајот, посветен на владеењето на правото.

ЕУ се осврна и на „сваровски судиите” во чии раце се најдоа првите предмети на СЈО. Комисијата посочува дека се потребни „понатамошни надградби“ на автоматизираниот информатички систем за распределба на предмети во судовите за да се спречат какви било злоупотреби.

-Системот треба да осигура дека случаи нема да можат да бидат распределни кај одреден судија од политички или лични причини и ова треба да биде систематски надгледувано. Исто така, постојат наводи за директно мешање во назначувањето судии за специфичните случаи иницирани од Специјалното обвинителство- стои во Извештајот на ЕК.

Европската комисија посочува сите препреки со кои се соочило СЈО само го истакнале недостигот на независно судство и потребата да се спречи селективна правда. Во заклучоците се вели дека напорите на специјалната обвинителка да воспостави законска одговорност мора да бидат поддржани, а Собранието мора да утврди политичка одговорност за прислушуваните разговори и нивната содржина.

Поврзани новости