552
Под мотото „Ќе се чаталиме до слобода”, голем број демонстранти го започнаа маршот, но тргнаа во спротивна насока.
Граѓаните во последен момент ја смениле маршутата во знак на револт од односот на полицијата кон нив.
„Досега уредно пријавувавме каде ќе се движиме, а МВР постојано ни правеше проблеми во трасата. Вечерва не кажуваме каде одиме, МВР нека не наоѓа“, велат демонстрантите.
Во моментов тие се движат по улица Ленинова, каде што воопшто нема полиција.